Почитувани посетители,
Најпрвин да Ви посакам топло добредојде на Официјалната ВЕБ страна на Општина Чешиново и да Ве поздравам од мое лично име и од името на сите жители на општината.
Свесни за брзиот развој на информатичката технологија, а воедно и свесни за недоволната запознаеност на граѓаните на Р. Македонија со нашата општина, решивме да ја направиме оваа ВЕБ страна, како прв чекор во промовирањето на вредностите кои ги поседува Општина Чешиново.
Разгледувајки ги содржините на страната ќе ги добиете основните податоци за општината, за градоначалникот и Советот на Општина Чешиново, за вековното постоење на Чешиново и трансформацијата од рурална во модерна општина.
Но ние не запираме тука, реализираните проекти ни се само потстрег во финиширање на тековните проекти, а добрата соработка со невладините организации ни помага во остварување на желбите на жителите за подобар и поудобен живот во нивната општина.
Страниве се премали за да го соберат сето она што треба да се каже за Општина Чешиново, затоа срдечно Ве покануваме да не посетите и да се уверите во единственоста на оваа мала општина.
Срдечно,
Игор Манов
Градоначалник на Општина Чешиново
|
|